(ВИДЕО) ЛУДИ ДАНЦИ СЕ СЕКСАЛЕ НА КЕОПСОВАТА ПИРАМИДА ВО ЕГИПЕТ! ЕГИПЌАНИТЕ ШОКИРАНИ!

0
2692

Египетската полиција покренала истрага откако еден дански пар се искачил на Кеопсовата пирамида во Гиза и се фотографирал гол во текот на нивниот сексуален однос на врвот од една од најголемите туристички атракции во земјата.

Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против парот, известил весникот “Ал-Ахрам”.

На видео снимката се гледа како еден маж и жена се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот од видеото има фотографија на која тие позираат голи додека водат љубов.

Не се знае дали парот е сè уште во Египет.

Триминутната снимка која е објавена на Јутјуб предизвикала огорченост кај Египќаните.

“Скандал на врвот на пирамидата …Како можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите”, напишал еден корисник на Твитер.