СДСМ : ДРЖАВАТА СУБВЕНЦИОНИРА 80% ОД СМЕТКИТЕ НА СТРУЈА, МИЦКОСКИ НЕМА ПОЗНАВАЊЕ ОД ЕНЕРГЕТИКА

0
565
Во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ спроведува мерки за заштита на стандардот на граѓаните и компаниите во овие тешки услови.
Со мерките се одржува стабилноста на енергетскиот сектор, максимално е  зголемено производството на електрична енергија и силно се субвенционира цената на струјата за граѓаните.
Домаќинствата за сметките за струја плаќаат само 20 отсто, а 80 отсто од цената се субвенционира од страна на државата, што е клучно за поддршка на стандардот на граѓаните во ваква криза.
За разлика од СДСМ, која вложува максимални напори за граѓаните и компаниите полесно да ја поминат кризата, Мицкоски, без каков било предлог за граѓаните, пишува статуси на социјалните мрежи за струјата и покажува дека нема познавања од енергетиката.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени, цената на струјата е зголемена за 100%, а се набавувала електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната.
Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика на Груевски, кој нема кредибилитет да зборува за енергетика.