И за Русите и за Македонците ова е година на скрб, трпение и утеха во подобро утре

0
1211

И што товариши. Ја испративме 2015 и понекогаш си викам поарно воопшто да ја немаше, да не дојдеше. Повеќе надежи гаам во новата 2016.

2016 мора да биде подобра, бидејќи полоша од 2015 за Македонија, амин, не се случила.

Деградација на сите полиња не само што продолжи туку и се засили – во медиумите, политиката, здравството, во меѓучовечките односи, во екологијата со гушењето на Скопје и останатите градови. Партизацијата и расколот во општеството што власта ги направи во има на зачувување на власта по секоја цена, може да се споредат само со – порнографија.

И во Русија неможеше да биде полошо. Кобната 2015 започна со убиството на Борис Немцов, белиот гулаб на руската демократија и пацифизам, нова војна што го засили бегалскиот бран и кај нас, и заврши со економска криза со несогледлива разрешница.

И за Русите и за Македонците ова е година на скрб, трпение и утеха во подобро утре, оти полошо стварно неможе да биде.
Среќна Нова година товариши! Да сте ми живи и здрави.

Фејсбук статус на Борис Камчев