МОЈОТ СИН НЕ СЕ ШЕТА ПО СУДНИЦИ, НИТУ ПА ЌЕ ГО ВИДИШ ДРОГИРАН – МИЦЕВСКИ ГИ ДЕЛЕШЕ РАСКАРАНИТЕ ЏАФЕРИ И ЈАНУШЕВ

0
694

Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогиран, рече Џафери.Караница, високи тонови, меѓусебни навреди помеѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на седницата за реконструкција на Владата.Синот на Џафери, Барлет беше причината за меѓусебните навреди кој деновиве е во центарот на вниманието на јавноста откако се најде на списокот на роднини на функционери кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители.

Јанушев од собраниската говорница му читаше на премиерот Димитар Ковачевски најактуелни вести, меѓу кои беше и таа за синот на претседателот на Собранието. Џафери, бурно реагираше.

– Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво, до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогиран – рече Џафери.

Јанушев се врати до говорницата и му укажа на Џафери дека читал вести.

– Вести читав! Ако имаш нешто да ми кажеш излези да реплицираш – рече Јанушев, на што Џафери му врати: „Оди таму, не ми читај мене, оди таму“.
Јанушев му возврати дека нема тој да му каже каде ќе оди, на што Џафери повторно му рече да го напушти пултот.

– Ти нема да ми кажеш кај ќе идaм – рече Јанушев, па Џафери пак му врати: „Оди си оттука“. На ова Јанушев му рече: „Не си дома, јави ми се на реплика па кажи…“. Џафери пак му возврати: „Ти ако имаш проблем со судница, со мојот син немаш. Ако имаш работа со мојот син излези со него да се видиш“.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дојде да го тргне Јанушев од говорницата, по што се смири тензијата меѓу пратеникот и претседателот на Собранието.

Кавгата помеѓу Џафери и пратеникот Јанушев започнува од 34 минута од ова видео.