АЈДЕ! во 12 часот да го одбраниме Уставот од Уставниот суд

0
975

Граѓанската платформа АЈДЕ! денеска во 12 часот повикува на нов протест пред Уставниот суд поради тоа што е прифатена иницијативата, претседателот на државата да може да помилува осудени за изборни измами.

Протестот е под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“.

„Ајде, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка. Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставиниот суд! Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта“, стои во повикот за протестот.