КОВАЧЕВСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ : САКАТЕ АМЕРИКАНСКИ, ИЛИ КИНЕСКИ И РУСКИ КОНЗОРЦИУМИ?

0
559

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на сесијата за пратенички прашања во Собранието го бранеше договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д и рече дека подобро конзорциумот да е американски отколку кинески или руски.

– Дали сакате американски конзорциум, или како во ваше време – кинески или руски конзорциум, му рече Ковачевски од говорницата како одговор на пратеничкото прашање на пратеникот Бојан Стојановски за тоа колку ќе биде конечната сума што ќе се плати за изградбата и колку пари треба да му се платата на изведувачот за пенали.Премиерот рече дека на Синохидро досега му се платени 400 милиони евра за 10 години градење на автопатот Кичево – Охрид, но и дека не му се гледа крајот на изградбата. чиј првичен проект поминувал низ село, гробишта и резервоар за вода.