КОВАЧЕВСКИ : ОД ПОНЕДЕЛНИК ВЛАДАТА ЌЕ ЈА РАЗГЛЕДУВА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ, ЌЕ ГО ПОКАНАМ МИЦКОСКИ НА СРЕДБА

0
687

-Јас планирам и да го поканам во текот на наредните 10 дена на средба на која што ќе разговараме за две теми. Првата тема ќе биде коишто јас ќе ги предложам како теми, првата тема ќе биде како домаќин, нормално како претседател на Влада, носењето на одлуки потребни за интеграција на Северна Македонија во ЕУ и второ, усогласување на ставови за односи со сите соседни држави на Република Северна Македонија, рече Ковачевски кој денеска беше во скопскиот Клинички центар.

Одговарајќи на прашања за уставните измени, Ковачевски кажа дека очекува во понеделник предлог-иницијативата од работната група да биде во архивата на Владата и потоа дека ќе се најде на седница на Владата.

Тие вчера ја имаа испратено, што значи во понеделник ќе биде во архивата на Владата и нормално дека потоа ќе се најде на седница на Владата, така што Владата ќе го разгледа со големо внимание со оглед на тоа дека во подготвувањето на предлогот учествуваа професори по уставно право, професори по сродни права на уставното право, претставници од практиката на уставното право и претставници на политички партии и потоа согласно процедурата откако Владата ќе го разгледа и усвои ќе го достави до Собранието на Северна Македонија бидејќи ова е во моментов најзначаен процес во државата, смета Ковачевски.Претседателката на работната група Цаца Николовска, како што кажа, вчера го објаснила концептот и повторно паднале „во вода сите лаги коишто беа кажувани во текот на изминатите две-три недели“.

-Претседателот на опозицијата кажуваше дека ќе сме станувале бинационална држава, па тринационална држава, па држава на еден народ, неколку нации и заедници и на крајот да излезе дека всушност работната група има направено предлог којшто практично е согласно со заклучоците на Собранието, а со цел исполнување на обврските коишто произлегуваат од преговарачката рамка со ЕУ и токму на тие документи се повикува и предлог-иницијативата за уставните амандмани коишто ќе бидат предложени до Собранието, партија туку за сите политички партии и за сите граѓани.Премиерот е дециден дека, како што вели, засега имаме предлог што ќе биде разгледан од Владата и ќе биде доставен до Собранието.

-И сите политички партии треба да бидат свесни дека ова е процес заради интеграција во ЕУ, а впрочем многу јасни пораки испрати вчера и сенаторот Крис Мартин од САД којшто кажа дека треба веќе да се определат политичките партии во државата – дали се за ЕУ и за НАТО и за САД или дел од нив ќе сакаат да останат заложници на Димитар Апасиев и на Русија, потенцира Ковачевски.Коментирајќи ги изјавите од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека нема да поддржат уставни измени и за наводна негова оставка, премиерот повтори дека тоа се фикции на лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека единствен кој кажал дека ќе си поднесе оставка е самиот Мицкоски.

-Вие гледате дека кога човек нема концепт, како што нема претседателот на опозицијата, односно претседателот на ВМРО-ДМНЕ бидејќи лидер на опозицијата е Димитар Апасиев, тој ја креира реториката, тој постојано измислува фикции за неговите колеги од раководството, вели Ковачевски.Според него, прво беше дека ќе сме се бугаризирале и асимилирале, дека јазикот ќе сме го изгубиле, дека имал 61 пратеник за да паднела Владата, што не се случило, а потоа им кажал на членовите на Извршен комитет дека Ковачевски дал оставка.

-После тоа јас излегувам на телевизија и велам не сум дал оставка и дека тоа е лага повторно на Мицкоски, овој ги собира во Извршен комитет и им вика – абе он дал ама му ја искинал Талат Џафери. Јас после излегувам и велам Талат Џафери јас го немам ни видено, ниту пак ако некој дава оставка може некој да му ја цепка. Кога се дава оставка – таа се дава, значи такво нешто нема. И сега бидејќи и тоа излезе дека е лага што им ја кажувал на Извршен комитет сега сабајле го гледам и вика – Ковачевски пак да си даде оставка, рече премиерот.Според него, единствен кој кажал дека ќе даде оставка бил Мицкоски и побара како што кажа, да си ги среди прво своите ставови.

-Значи, единствен којшто кажал дека ќе си даде оставка во оваа држава е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ којшто кажа дека ако еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ  гласа дека ќе си даде оставка, па потоа кажа да му дадат нотарски заверки дека нема да гласаат. Потоа кажа дека ќе гласа ако било храватскиот модел за да после тоа каже дека нема да гласа по ниедна цена. Така што, тој прво мора да си ги среди своите ставови, рече премиерот најавувајќи дека во следните десет дена ќе го покани на средба