МАРИЧИЌ : ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР ГО ИЗДРЖА ТЕСТОТ НА ВРЕМЕТО И ПОКАЖА ДЕКА Е УСПЕШЕН КОНЦЕПТ

0
560

Заменик претседателот на Владата задолжен на европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија.

– Она што ние сме го надминале пред 22 години, денес се чини невозможно во регионот, затоа за Европа, па и во ЕУ, важиме за успешна приказна од која можат да учат и другите. Концептот на нашиот Устав, согласно Рамковниот договор, помогна и во преговорите со Бугарија, правејќи ги бугарските барања во една рамка и порационални, создавајќи услови за влез на Бугарите во Уставот според рамката која сега ја имаме, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не е нешто што ќе направи турбуленција или промена на она сега го имаме, додавањето на уште неколку заедници во нашиот Устав.

Тој истакна дека Рамковниот договор е единствен успешен дипломатски потфат во рамките на бивша Југославија на ЕУ и на САД, кој е круна на дипломатските напори и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.