ЗАЕВ НА ТРИБИНАТА ,,НАЈДОБРОТО” ВО СКОПЈЕ : НАПРАВИВМЕ СЕ, НА РЕД Е ЕУ ДА ИСПОРАЧА, ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ НЕ СЕ И НЕМА ДА БИДАТ НА НИТУ ЕДНА МАСА

0
645

Претседателот Зоран Заев вечерва се обрати пред граѓаните на Скопје и ја отвори првата од караванот трибини „Најдоброто за нашата општина“.

Во воведниот дел од обраќањето, Заев се осврна на актуелната состојба со процесот на евроинтеграциите и надминување на нелогичните блокади на патот кон ЕУ.

– Ви носам поздрави од Париз, од главните градови на цела Европа, преточени поздрави во силна и искрена поддршка за нашата татковина чиј главен град е ова наше убаво Скопје! Скопје е гордо и почитувано кога Северна Македонија е горда и почитувана.

За нас е многу важно што земјите членки на ЕУ, меѓу кои и Франција го поддржуваат процесот на интеграција во ЕУ. Пред нас е Самитот на Европскиот Совет во јуни, вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решенија, а најважното просперитетно решение сега за нас е решението за почеток на преговорите, одобрен од сите земји членки на ЕУ, порача Заев.

Претседателот Заев истакна дека државата направила се што треба во процесот на реформи и исполнување на критериумите и дека сега на ред е Европската Унија.

– Направивме се, сработевме, ги исполнивме сите критериуми, на ред е ЕУ да испорача. Подготвени сме за билатерален дијалог кој ќе донесе разумен и взаемно прифатлив договор во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Секако прашањата за македонскиот јазик и идентитет не се и не може да бидат на којабило маса.

Се бориме за иднината на земјата и ќе направиме се за неа. Да се бориш за својата земја, за својот народ, за својат град, општина, е привилегија, чест, одговорност, заклучи претседателот Заев.