АЈДЕЕЕЕЕ НОВА ТУРА ВМРОВЦИ ЌЕ ЛЕЖАТ ЗА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ : На 21 февруари почнува судењето за организаторите на „27 април“

0
1338

Ова денеска во судница на рочиште за „Рекет“ го кажа обвинителката Вилма Русковска посочувајќи дека тој ден не може да биде на судењето за Бојан Јовановски Боки 13 и Катица Јанева бидејќи е зафатена со другото судење

На 21 февруари во Основниот кривичен суд во Скопје е закажан стартот на судскиот процес за организаторите на настаните од Собранието од 27 април 2017 година.

Ова денеска во судница на рочиште за „Рекет“ го кажа обвинителката Вилма Русковска посочувајќи дека тој ден не може да биде на судењето за Бојан Јовановски Боки 13 и Катица Јанева бидејќи е зафатена со другото судење.

Претседател на судечкиот совет за предметот за организаторите на 27 април е судијата Илија Трпков, додека како втор судија е Владимир Туфегџиќ. Во судечкиот совет, покрај двајцата судии, има и тројца поротници.

На 21 февруари пред Трпков и Туфегџиќ на обвинителна клупа во судница ќе седнат поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Во истрагата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција беа опфатени и избеганиот експремиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни за македонските органи.

Сите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.