ЛУДИЛА СЕ СЛУЧУВААТ ВО НАЈУРБАНАТА ОПШТИНА ВО ЗЕМЈАВА, ШТО ЛИ СЕ СЛУЧУВА ВО ЗРНОВЦИ И ОБЛЕШЕВО – Влегла на гласачко место со маска со партиски симбол, се расправала со полицијата па била уапсена

0
615
На гласачко место бр.2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром околу 13.15 часот претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кога дошле полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од полицијата е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

-Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ, соопшти МВР.