(ВИДЕО) Пендаровски РОКНА БОМБА: Анкетите го кажаа своето, опозицијата е блиску до 50 мандати, во првата изборна единица ќе имаме над 100.000 гласови!

0
7914

Носителот на листата во изборната единица 1 на Коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски на средбата со жителите на скопски Капиштец, најави голема победа.

-Најновите бројки кои се стопроцентно точни. Последните анкети кажуваат дека опозицијата предводена од СДСМ е многу блиску до 50 мандати. Во првата изборна единица си поставивме цел над 100.000 гласови и во овој момент сме над 90.000 гласови. Ние одиме со двоцифрена бројка на мандати, а тоа ги отвора портите за победа во целата земја. Првата изборна единица мора да има голем број на мандати, голема разлика во мандати, за да компензираме за криминалите што ќе ги прават во источна Македонија, рече Пендаровски.

Што најмногу ги плаши нашите опоненти? Прво, се плашат од започнатата битка против мафијата, СЈО по изборите ќе добие мандат колкав што сака, ќе се формираат специјални судски одделенија на сите три нивоа, се до Врховниот суд, кои ќе ги прифаќаат обвиненијата на СЈО. Нема да ги гони партијата, туку системот кој сега не ги гони.

Она што е важно да се каже, за да не ме обвини некој за реваншизам, а тоа е во програмата еден од принципите е нулта толеранција кон криминалот. Тоа значи дека ако и на некој од нашите му тргне раката да лапа, има да му ја исечеме во процедура, зошто никогаш не сме биле исти со оваа најголема мафија на балканските простори.

Им пречи и квалитетот на на нашите листи, не само што имаме многу подобри луѓе од нив, со биографии, а не луѓе кои ги определил лидерот зошто му се блиски по некоја линија, туку и листи кои се мултиетнички. Ние добиваме извонредна поддршка и прилив на гласови и од останатите етнички заедници во Република Македонија.

Пропагандата од другата страна се обидува со задни напори црното да го прикаже за бело и обратно. Проверувавме, но нема ниту еден индикатор, тоа што добиваме гласови од другите етнички заедници, дека наводно губиме кај македонската етничка заедница, но ништо не губиме.

Само добиваме, зошто знаеме дека проблемите сите не погодуваат, прислушувањето на 20.000 луѓе сите не погодуваат, ако ни е маката заедничка, противодговорот мора да биде заеднички. Не е прашањето дали ќе победи СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ туку дали сме за Македонија или за мафијата?

Тие нудат листи на кои барем половината од нив се канети од СЈО, а којзнае уште колку ќе бидат повикани зашто криминалот е од епски димензии.

Клучот на победата ќе лежи во одзивот, тоа е посебен проблем. Станува збор за битка за секој глас, овие нема да се предадат без борба, затоа мораме сите, да ги обезбедиме сите луѓе со опозиционо расположение да бидат со нас. Мораме да отвориме 14 очи, за да не ја украдат победата која не е спорна.

Веќе на терен даваат огромни пари дури и на наши контролори, членови на избирачки одбори, секаде го има тоа, очекуваме МВР да работи по закон и тоа да се санкционира, од три до пет години е затвор за кривичното дело „уцена на гласачите“.

Потребна е комплетна максимална политичка мобилизација, готово ќе биде кога ќе се одработи, рече Стево Пендаровски, носител на листата во изборната единица 1 на Коалицијата предводена од СДСМ.