ТАЛЕВСКИ : БОНУС ПЛАТА ОД НАД 28.000 ДЕНАРИ ЗА 5.879 ПОЛИЦАЈЦИ

0
615

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и Министерството за внатрешни работи активно вложуваат во човечкиот потенцијал во полицијата.

Покрај реконструкцијата на полициските станици и одделенија, покрај новите униформи и опрема, се инвестира и во платите на полицајците.

Деновиве исплатени се 5.897 решенија за бонус плата за 2021 година.

5.897 вработени во МВР добија по 28.718 денари за 150 прекувремени часови изработени претходната година.

Бонус плата редовно се исплаќаше и за 2017, 2018, 2019 и 2020 година. За оваа намена од буџетот на МВР се одвија над девет милиони евра.

Покрај бонус платата, следува ново зголемување на платите во МВР:

Со измените во Закон за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени, ќе добијат две покачувања и тоа

Со платата за месец март, добиваат покачување на плата заради усогласување со Закон за минимална плата и тоа за сите работни места е извршено скалесто покачување.

Со платата за месец септември, повторно ќе добијат покачување од 5 %, со што во МВР, ќе нема вработен кој зема износ на минимална плата и сите плати ќе бидат поголеми од законски утврдена минимална плата.

Сето ова почитувани, придонесува да имаме посветена мотивирана полиција која ефикасно и успешно се справува со секаков вид на криминал и корупција, а за што сведочат бројните полициски акции низ целата држава.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, преку одговорни мерки и политики го унапредуваме животниот стандард на сите граѓани.