СПАСОВСКИ : АПСОЛУТНО СУМ ПРОТИВ СКАНДИРАЊЕТО „УЧК“ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД

0
105

Оливер Спасовски, поранешниот министер за внатрешни работи, во синоќешното гостување пред камерите рече дека е против скандирањето „УЧК“ поттикнато од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на митингот на скопскиот плоштад.

– Апсолутно сум рпотив тоа, апсолутно сметам дека е непотребно,дека е иритирачки. Со тоа никој не добива. Затоа што,знаете, на Македонија не и требаат поделби и да се враќаме на времиња кои што поминале, д аотвораме стари рани и да потсетуваме на нешто што е болно за едните или за другите.

Ние треба да сме свртени кон иднината. Да направиме се што можеме да направиме подобра иднина заеднички за сите нас, затоа што тука сме сите и имаме одговорност пред државата и граѓаните. Така што, го осудувам тој начин на комуникација, рече Спасовски.