ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ

0
1378

Тоа што соптвениците на Слободен Печат не се согласија со неговата уредувачка политика и го сменија, Геро не може да му го прости на Заев.

Тоа што претходно Геро не стана шеф за медиуми на местото на Роберт Поповски исто така беше смртен грев на Заев кон Геро кој си имаше умислено дека е неофицијален медиски крал на левицата.

Сега полн со омраза и гнев чекаше и чекаше и на крај дочека, небаре поразите политички не се дел од политиката. Еднаш тие мора да се случат, што не значи дека тоа те прави голем мудрец што си рекол дека некогаш Заев ќе биде поразен.

Геро не знае да се израдува на вољата на народот и триумфот на неговата ВМРО ДПМНЕ, туку полн со црнило и со омраза и со гнев напишал колумна полна со клетви, па споменува и гробови и смрт и што ли не за Зоран Заев.

Кого ли ќе мрази Геро кога Заев ќе реши да се пензионира? Што ли ќе прави без омразата кон Заев која му беше како гориво и смисла за живеење? Ќе најде ли некој друг да мрази па пак омразата да го храни и да му дава сила?

Каков психопат, каков очаен човек. Да ги користиш медиумите за да се пресметуваш со некого на лична основа полн со омраза и гнев, патолошка омраза која те опседнува… Притоа тој човек што го мразиш ги направи сите твои визии за кои пишуваш 30 години, ја внесе земјата во НАТО, ја направи земјата еднакво општество за сите, ги реши повеќето отворени проблеми дома и со соседите на мирен начин, ја стабилизира земјата демократски, системски, земјата е постабилна од било кога… Тоа го прави апсурдот на омразата уште поголем, значи тотално е личен и веројатно се работи за изневерени лични амбиции и очекувања за лична корист, ништо друго…

(Текстот погоре е колумна и личен став на уредникот на Мактел, Саше Политико. Квалификациите се лично мислење на Саше Ивановски и треба да се земат со резерва, не се проверени факти).