ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ НЕМА ДА СЕ ЗНАЕ КОГА ТОЧНО ЌЕ БИДЕ ДОВЕДЕН ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ

0
125

Најверојатно нема да биде познато кога точно Љупчо Палевски-Палчо ќе биде испорачан во Македонија, во интерес на процесот на спроведување на екстрадицијата не се соопштува точниот датум на испорака.  Полициски извори велат дека не треба да очекуваме спроведувањето на обвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да се случи денес или утре.

Турција даде одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски, по што во наредниот период се очекува негово пристигнување во Македонија. Според процедурата, веднаш по слетувањето на Аеродромот Скопје, со полициска придружба ќе биде веднаш спроведен во истражниот затвор Шутка, по што ќе се чека отпочнување на судскиот процес.

Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. Потоа на потег е Обвинителството кое ќе ја игра клучната улога во распитот. Вчера, министерот за правда Кренар Лога потврди дека е добиено одобрение за екстрадиција на Палевски, кој во Турција беше уапсен на 5ти декември. За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената Вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.