ФИЛИПЧЕ: НОВИТЕ МЕРКИ СЕ КОРИСНИ ЗА ДА СЕ ПОДОБРИ СОСТОЈБАТА ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ

0
759

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека мерките се неопходни за да не се случи уште едно оптеретување на здравствениот систем.

“Пикот беше на 31 март, 1, 2 април, сепак е голема бројката на позитивни и хоспитализирани пациенти и сметаме дека претстојните празници може дополнително да ја комплицираат епидемиолошката ситуација. Во таа смисла не сакаме да дозволиме во продолжение на тој период да се случи оптоварување на здравствениот систем и затоа се преземени овие рестриктивни мерки за да стивне оваа состојба” – изјави министерот за здравство Филипче.