(ВИДЕО) И ОВИЕ МИСЛЕЛЕ ДЕКА МИЈАЛКОВ, ХОРХЕ И ГРУЈО ЌЕ ЛЕЖАТ ЗА НИВ ВО ШУТКА И ИДРИЗОВО – Таткото и синот кои се сомничат за обид за убиство на Села спроведени пред суд

0
3121

ТВ21 објави снимка од спроведувањето во Основниот суд Скопје 1 на таткото и синот кои ОЈО ги сомничи за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

„Основното јавно обвинителство – Скопје известува дека до овој момент, идентификувани се две лица инволвирани во нападот на пратеникот Зијадин Села на крвавиот четврток во Собранието.

Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство – Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 22 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двете лица за наведеното кривично дело. Истовремено, по оценка на Јавното обвинителство, против осомничените неопходно е да биде изречена мерка за нивно обезбедување, поради што јавниот обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за одредување на мерка притвор, бидејќи постојат сите законски основи за тоа.

Воедно, заради целосно расчистување на овој кривично-правен настан од страна на јавното обвинителство издадени се наредби за итно постапување на Министерството за внатрешни работи заради обезбедување на релевантна документација и податоци“, стои во соопштението на ОЈО.