УШТЕ ЕДНО РЕЖИМСКО ШИЛЕЖЕ ЗАВРШИ ВО КАНЏИТЕ НА СЈО : Судот го замрзна целиот имотот на оној ХОШТАПЛЕР СО ПОТЕРНИЦА што вози Сеад во бомбите на Заев и на неговите фирми

0
2251

Судот на барање на Специјалното јавно обвинителство попладнево го замрзна имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, против кого се води постапка во случајот на СЈО, „Труст“. Инфромацијата за Телма ја потврдија високи извори од СЈО. Решението опфаќа замрзнување на сиот движен и недвижен имот на Кочан и на неговите фирми.

Кочан е во бегство откако за него беше донешено решение за притвор откако беше осомничен дека за тендер на ЕЛЕМ во 2011 година доставил фалсификувани документи и на тој начин заедно со „Силекс неметали СТ“ и „Вато“, незаконски наплатиле 17,2 милиони евра. По Кочан е распишана потерница.

Никола Додевски, адвокат на бизнисменот Сеад Кочан, вечерва за НОВА изјави дека првпат слуша за информацијата дека е замрзнат имотот на неговиот клиент.

„Немам никакво известување од судот, не сум прочитал во медиумите. Од вас слушам за ова“, изјави адвокатот Додевски за НОВА.