СИТУАЦИЈА ФАЛИМЕНТО НА ДАСКАЛЧЕТО МИЦКОСКИ И КЛИСАРЧЕТО АПАСИЕВ, МИТРЕВСКИ: МИЦКОСКИ ЈА ЛАЖЕШЕ ЈАВНОСТА ДЕКА ИМА НОВО МНОЗИНСТВО И НЕКА НЕ БАРА АЛИБИ ЗА НЕУСПЕХОТ

0
758

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, изјави вечерва дека по подолг период Христијан Мицкоски конечно кажал една вистина, дека постојното парламентарно мнозинство ќе се зголемува.

“Сѐ друго е резултат на докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Тој ја излажа јавноста дека има ново мнозинство од 61 пратеник и сега да не бара алиби за неуспехот во други. Само за да дојде на власт, седна на иста маса со анти-ЕУ и анти-НАТО структури, без никакви принципи, никаква политичка понуда” – рече Митревски.
Тој рече дека владиното мнозинство ќе се зголемува во следниот период.

На прашањето дали знае каде е Кастриот Реџепи и дали е точно дека е киднапиран Митревски рече дека има обратни информации од опозицијата: дека токму од неа му вршат притисок и дека очекува деновиве да ѝ ги соопшти деталите на јавноста за тоа што му се случувало.