КОВАЧЕВСКИ : НА ЗЕМЈАВА НЕ И ТРЕБААТ ОПАСНИ ПИРОМАН КАКО АПАСИЕВ И МИЦКОСКИ, ТУКУ НОВА ЕКОНОМСКА ВИЗИЈА

0
548

Левица и Апасиев со својата анти-ЕУ и пироманска реторика стануваат се посилни а како заложници и држат Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицковски веќе не го бара она што е добро за државата, туку бара како да не заостане зад Апасиев, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Кичево.

– Ако пироманот Апасиев и неговиот заложник Мицковски дојдат на власт повторно ќе бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата ќе ни крахира. Нивниот план е пеколен. Секој од вас ќе стане наутро со лажно чувство на гордост, но гладни, изолирани и сиромашни, заглавени во минатото., рече Ковачевски. Претседателот Ковачевски порача дека нема да дозволи да се загрози европската иднина на државата и побара поддршка од сите граѓани.

-Јас тоа нема да го дозволам и затоа ја барам и вашата поддршка. Никогаш нема да дозволиме земјата што ја сакаме да тргне по тој пат. Не ни и требаат опасни пиромани – наместо тоа ни треба нова економска визија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „ Силно и одлучно кон иднината “ во Кичево.