(ВИДЕО)Котески: Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски останаа само празни ливади

0
976

Првата фабрика за чипс во Република Македонија чијашто лента на 9 jануари 2016 со големо медиумско внимание ја пресече Никола Гуевски, после само еден и пол месец прекина со работа. Во Македонија, која според манипулаторот Гуевски, е рангирана како 6 најдобра за водење на бизнис во Европа, а 12 во светот, фабриките немаат континуирано снабдување со електрична енергија. Инвестицијата во којашто беа планирани да се вложат 3 милиони евра работеше само неполку месеци, изјави денеска на советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Благојче Котески.

– Од 30 вработени денес во фабриката има само 5 вработени. Зошто фабриката повеќе не работи и не произведува чипс! Од 28 најавени инвестиции во Жабени до денес нема ниту една! Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски останаа само празни ливади. Ниедна пропаганда на провладините медиуми, платени со пари на граѓаните, не може да ја сокрие лошата економска политика на Никола Груевски и ВМРО-ДМНЕ во Битола. На следните фер и демократски избори, СДСМ ќе ја преземе одговорноста, дадена од поддршката на граѓаните. СДСМ со планот и програмата за нова економска политика гарантира отворање на нови работни места, изедначување на домашните и странските инвеститори, силна финансиска поддршка на малите и средни претпријатија, што ќе придонесе за обновување на домашната економија – изјави Котески.