СДСМ ГО СЛУШНА НАРОДОТ: ЛОКВЕНЕЦ И АНЃУШЕВ ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ КОИ ГИ ДОБИЈА КАКО ГРАНТ ОД ВЛАДАТА!!!

0
1416

Откако фирмите во кои тие имаат дел од сопственоста аплицираа и добија пари од Фондот за иновации, по критиките во јавноста – се предомислија. Вицепремиерот  Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец ги повикаа косопствениците на компаниите Каст Инвест и Гинис каде и тие имаат дел од сопственоста да се повлечат од грантовите на Фондот за иновации тешки околу 160.000 евра. Реакцијата доаѓа по силниот притисок од јавноста дека има судир на интереси и дека државните пари се делат по партиска линија.

„Јас не можам да бидам пречка и да го сопрам тоа и да влијаам врз одлуките што ги носат доминатните сопственици. Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани. Сепак поради настанатата ерозија на вредностите и искривента перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста е разбирливо сензитивна. Со оглед на тоа ги повикав моите колеги косопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат“, потенцира Анѓушев во изјава за МИА.

Анѓушев истакна дека е делумно сопственик на повеќе фирми во Македонија кои вработуваат вкупно над 1.000 луѓе.  Дека сите негови фирми се уредно пријавени во анкетниот лист, и согласно законот, откако ја доби функцијата целосно се откажал од управувачките функции. А напоменува и дека како што ветил целосно ја продал ЕДС, но дека фирмите во кои е делумен сопственик треба да имаат еднаков третман со сите други.

Инаку и фирмата „Фероинвест“ на вицепремиерот Анѓушев лани за влакно не го доби тендерот на ЕЛЕМ вреден 2,6 милиони евра.

Пратеникот Локвенец, пак во изјава за 1Тв потенцираше дека во Гинис е само акционер и не учествувува во раководењето, но има негова фирма која ја има во бомбите која била наменски казнувана цел тој период.

Ги повикав содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации од 160.000 евра. Морам да потенцирам две работи. Прво дека никогаш не сум учествувал во раководењето на фирмата, а акционер сум од 2000-та година. Второ имам друга фирма на исто име и иста жиро сметка, фирма која ја имаше во бомбите, која беше наменски казнувана цел тој период. Мора да потенцирам дека во оваа држава мораме да ја градиме довербата во институциите и само така ќе ја изградиме европска Македонија за која сите сонуваме“ – изјави за 1Тв Hари Локвенец.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес пак повтори дека на вицепремиерот му се заканува тригодишна затворска казна, го повика обвинителството да поведе постапка.

А директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски во интервју во Отворено студио на 1Тв потенцираше дека сопственичката структура на компаниите не е критериум за одлучување при распределбата на државните пари. Тој нагласи дека изборот го прават надворешни експерти, а не тој како директор, ниту Анѓушев како промотор на владиниот План за економски раст.

Инаку на првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст, грантови добија 80 компании или една третина од пријавените. Тие добија вкупна сума од 10 и пол милиони евра.