БИТИЌИ : НОВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 45 МИЛИОНИ ЕВРА НА ГЕРМАНСКАТА „КОСТАЛ“ ЌЕ Е ВИСОКОТЕХНОЛОШКА И ЌЕ ОТВОРИ НАД 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

0
385
Заменик-претседателот на владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, оствари средба со главниот оперативен директор на германскиот концерн за производство на автокомпоненти „Костал“, Хансјорг Херман, и Директорот на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо.
На состанокот, вицепремиерот Битиќи со директорите на „Костал“ разговараше за креирањето на добра инвестициска клима која се препознава од новите странски инвеститори кои доаѓаат во земјава, при што кажа дека за Северна Македонија претставува голем успех и фактот што постоечките компании одлучуваат да го прошират своето производство и започнат нови инвестициски проекти.

„Со директорите на „Костал“, Херан и Мизо веќе започнавме да ги финализираме деталите за нивниот нов инвестициски потфат кој е во вредност од преку 45 милиони евра и ќе овозможи вработување на нови преку 200 наши сограѓани“, изјави Битиќи.
На средбата, претставниците на „Костал“ го информираа вицепремиерот Битиќи дека ќе донесат технички најсофистицираната производна линија во државата која ќе служи за производство со воведување на SAC (Smart Actuator Charging) технологијата за производи наменети за Фолксваген Групацијата, за брендовите Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат.

Дополнително со новиот проект ќе биде воведена и новата SkinTec технологија за производство на кровни модули кои ќе бидат наменети за високата класа произведена од Daimler: Mercedes EQS, EQE, C+S Class, AMG SL.

Проектот, односно производството на овие компоненти предвидено е да започне во октомври 2023, а неговото завршување е предвидено на крајот на 2028 година, што значително ќе го зголеми нашиот извоз како држава, затоа што станува збор за производи со најголема додадена вредност кои некоја странска компанија ги произведува кај нас“, рече Битиќи.