ДЕРКОВСКИ ДА ЈА ИСПРАВИ ОВАА ПЉАЧКА НА ГЛАСОВИ И ДА ИЗЕДЕ 10 СТАПА ПО ГАЗОТ ЗА ОВАА НЕКАДАРНОСТ : Во ДИК рачно се проверуваат записниците, конечни резултати најавуваат за попладне

0
733
Конечни резултати од вчерашното гласање на предвремените парламентарни избори се уште нема. Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) повторно не функционира во последниот еден час. Последните резултати пак кои беа објавени предизвикаа низа нелогичности и сомнежи.

Државната изборна комисија денеска соопшти дека се уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии и рачно се проверуваат записниците за сумирање и утврдување на резултатите од избирачките места (записници бр.16), како и записниците за сумирање и утврдување на резултатите од општините (записник бр. 21), со цел точно да можат да се утврдат неофицијалните конечни резултати.

Неофицијалните конечни резултати ќе бидат соопштени на попладневната седница на Државната изборна комисија.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Според последната симулација на ДИК која беше објавена во раните утрински часови, распоредот на силите во новиот парламент би бил: СДСМ – 46 пратеника; ВМРО-ДПМНЕ – 44; ДУИ – 15; Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12; Левица – 2 и ДПА – 1 пратеник. Партиите пак во текот на ноќта излегоа со други пресметки.