СТЕФКОВСКИ : УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТАТА ВО ГАЗИ БАБА ДОБИВААТ БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ

0
353

✅Со задоволство сакам да објавам дека заврши постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.

✌️Оваа учебна година за прв пат во историјата општината од сопствени средства обезбедува училишна униформа која за секој ученик ќе биде бесплатна.

👇Со реализација на овој проект ги намалуваме трошоците на родителите, а вооедно ја намалуваме класната разлика која се создава помеѓу учениците со што се постигнува степен на еднаквост помеѓу децата за време на престојот во училиштето.

📍Од денес во училиштата започнува евидентирање на учениците со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите.

👍Реализацијата на оваа мерка доаѓа како исполнување на ветувањето дадено во мојата изборна програма.

📣Ветувањата дадени пред граѓаните се исполнуваат!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.