Спасов: Најавата за бојкот на изборите од една партија не треба да го поколеба СДСМ

0
868

Најавата за бојкот на изборите од една партија не треба да го поколеба СДСМ

Ако ВМРО ДПМНЕ не прифати избори и на 5-ти јули ќе биде јасно дека решила да ги бојкотира. Тоа е нејзин избор и право.

Но тоа нема да бидат избори без учество на опозицијата. Во нив покрај СДСМ и ДУИ ќе учествуваат 11 политички партии со свои листи кои веќе ги има прифатено ДИК.
ВМРО ДПМНЕ го бојкотираше референдумот за да не изгуби па може уште еднаш тоа да го направи на изборите и да ги снема како политичка партија.

Местата на опозицијата во парламентот ќе ги добијат другите опозициони партии.
Не треба да се заборави дека ВМРО ДПМНЕ, на кое толку на срце му лежи консензусот, од 2006 до 2014 година сите парламентарни претседателски и локални избори ги закажуваше и ги комбинираше датумите по своја волја и без консензус.

Откако на 24 декември 2012 година со брутална сила ги избрка новинарите и пратениците на СДСМ од Собранието, без око да им трепне, ги закажаа локалните избори за март во 2013. СДСМ бараше одложување на тие избори, се закануваше со бојкот и на крајот прифати да учествува но токму и заради колебањето катастрофално ги изгуби.

Оттука СДСМ има апсолутно право да оди на избори на 21 јуни или на 5 јули независно од можен бојкот на една партија на која бојкотот и стана инструмент за уцени и оспорување на легитимноста на одлуките и институциите.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов.