Еколошки одржливата фасада на новиот универзитет во данскиот град Колдинг целосно се прилагодува на временските услови.
Архитектонското биро Henning Larsen Architects кое е прокетант на ова интересно и еколошки свесно издание, има за цел да ја осмисли новата зграда на факлтетот кој притоа ќе ги задоволи строгите енергетски градежни прописи на Данска, донесени во 2015 година.
Триаголната форма на основата се отсликува и на елементите од фасадата, каде 1.600 триаголни панели од перфориран метал ја штитат зградата како чадор за сонце, а воедно и даваат интересен естетски момент на објектот.
Сензорите за топлина и количество светлина, поставени на повеќе нивоа околу целата зграда, овозможуваат фасадните панели, во зависност од потребата, да се отворат на пола или целосно. Дури и кога се затворени, кружните отвори на нив ја контролираат количината на светлина и топлина која влегува во просториите. Низ понатамошните проектантски предизвици се покажа дека триаголната форма на основата е одлична за создавање на интересен ентериер. Затоа и самиот централен дел, каде се атриумот и амфитеатарот, имаат триаголна основа.
Преку имплементација на ефикасни и интелегентни системи, постигната е поголема одржливост на објектот, кој за разлика од сличните згради има потреба за 50% помалку енергија.