„Анима Мунди“: Триесетгодишен маж силувал куче на кејот кај Керамидница

0
1430

Лице на возраст од 25- 30 години минатата недела среде бел ден, од страната на Керамидница мачело и силувал куче на кеј, а по монструозното изживување врз кучето, влегло во едно од куќарките од таа страна на Вардар, информира „Анима Мунди“.

Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил силувачот на кучето.kucinja

„Шокирани сме што се се случува во Македонија и што се е се толерира во нашето општество! Шокирани сме што монструми кои се закана за секого шетаат, немаат страв од никого и среде бел ден се изживуваат врз послабите, во случајот врз бездомно, младо куче, кое не можело да избега! Бесни сме што полицијата , иако им е пријавено нема доволен интерес или механизми да влезе и изврши претрес, вештачење, го приведе монструмот кој мачи и силува без око да му трепне што некој го видел, викал, го пријавил! Инсистираме да веднаш биде спроведена истрага и да овој психопат не излезе од затвор! Адвокатскиот тим на Анима Мунди контактира со сведоците и бараме најстрога казна и правда за злоставуваното куче“, соопшти „Анима Мунди“.

Од здружението за заштита на животни потсетуваат на примерот во Кочани, кога силувач на кучиња беше 10 пати пријавен од локалното население, здруженијата за заштита на животни за мачење /силување/убивање кучиња, линк ОВДЕ

Тој сега е повторно на слобода и без каква било контрола, повторно слободно шета, собира кучиња, ги носи на напуштени локации за потоа да на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши!

„Луѓе не контактираат во континуитет за тоа лице, распаметени од страв што меѓу нив слободно шета таков насилник. Тоа лице и таквите како него се опасност која демне и само чека погоден миг за нова жртва. Им може ли некој нешто на ваквите лица, кои слободно и без каков било надзор имаат отворени можности да продолжат да силуваат? Ги повикуваме итно Министерството за внатрешни работи, АХВ, општинските власти, да ги вложат сите напори за да овие болни умови бидат казнети и сместени таму каде што им е местото, во затвор и бараме комплетно следење на таквите во иднина“, се наведува во соопштението на „Анима Мунди“.