ОСОМНИЧЕНИОТ ХИГИЕНИЧАР ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА МАЛОЛЕТНИЧКА ОД СОУ ,,ОРДЕ ЧОПЕЛА” ВО ПРИЛЕП НА ФОТОГРАФИИ СО ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ, ИМА ЛИ ОВОЈ СЛУЧАЈ ПОЛИТИЧКА ПОЗАДИНА?! ЗОШТО СЕ КРИЕ ОД НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ?!

0
906

Откако на 7 февруари во СОУ ,,Орде Чопела во Прилеп се случило тешко кривично дело ,,сексуално вознемирување на малолетничка од семејство со ранлива категорија” редакцијата на ,,Народен Глас” денес и изминатите денови се обиде да помогне на надлежните органи да го расчистат случајот исто и воедно колегата Фуркан Салиу од ,,Клан Македонија” да земе изјави поврзани со овој скандал кој го тресе ова средно и основно училиште во Прилеп.

Иако нашите медиуми останаа на ниво на задачата, не снимаа без дозвола на директорката во дворот на училиштето, не ги вознемируваа учениците, не ги прекршија основните кодекси на медиумите дознаваме дека во овој настан и покрај наводната волја директорката Тереза Златеска да го разреши случајот со малолетничката сексуално злоупотребена од хигиеничар во училницата со број 2 дека сепак во овој случај има и политичка позадина.

Дознаваме дека лицето кое го извршиле кривичното дело има син кој е вработен во МВР Прилеп и дека со помош на структури блиски на локалната власт, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат овој случај да го заташкаат, исто така дознаваме дека на лицето за кое се отвори предмет од ОЈО е на боледување па од тие причини не оди на работа и не смее да се отпушти од работното место.

Како доказ за тоа се спротиставените и различни изјави на МВР и ОЈО Прилеп. Каде од МВР Прилеп за ,,Клан Македонија” изјавиле дека таков случај и такво кривично дело не постои во СОУ ,,Орде Чопела” додека од друга страна ОЈО Прилеп изјавиле дека во училиштето постои записник за овој настан и дека работат на предметот но и дека ова дело постои.

Директорката Тереза Златеска иако е должна да ги извести органите сепак според овие спротиставени изјави очигледно е дека не ги известила соодветно на позицијата која ја извршува и соодветно на процедурата. Директорката исто така молчела за овој немил настан кој што се случил на 7 февруари минатиот месец што било сосема доволно време да ги извести надлежните органи, но тоа не го направила од засега не познати причини.

Политичка позадина дава примерот што осомниченото лице се наоѓа на низа партиски фотографии на ВМРО-ДПМНЕ а воедно и со лидерот на опозицската партија како и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.