СДСМ: Со Груевски нема напред! Македонија е прва во Европа по смртност на работниците!

0
913

„Македонија со Никола Груевски стана земја со сериозно загрозени работнички права и опасна по нивниот живот. Негрижата за работниците и нивниот труд доведе до тоа Македонија да биде прва земја во Европа по смртност на работници, покажуваат податоците на Еуростат.

Нашите работници го губат свјојот живот на работното место за три пати повеќе од просекот во Европа.

Работниците кои макотрпно работат по 10, 12 работни часови на ден за мизерно ниски плати на незаштитени скелиња, без потребна заштитна опрема, во неповолни временски услови, станаа жртви на лошите политики на Никола Груевски.

И барокот на Скопје 2014 зеде свои жртви. Неодамна загина работник по пад од лифт во катната гаража Солунски конгрес. Претходно, работник загина од пад од неисправно скеле при изградба на барокната зграда на Јавното обвинителство.

Затоа, Македонија повеќе не може да си го дозволи Никола Груевски!

Работниците мора да бидат заштитени и нивниот труд да се цени и почитува. Во нашиот План за живот се обврзуваме пред работниците дека тие ќе ја имаат потребната заштитина опрема и нормални услови за работа. Ќе биде платен секој час прекувремена работа на работниците. Активно ќе го следиме здравјето на вработените на ризични работни места. Ќе воведеме помало работно време за повозрасните работници, работничките од 60 години и работниците од 62 години старост да работат по 6 часа, до пензија, без да им се намали платата. Колективните договори ќе бидат задолжителни за сите правни субјекти со над 20 вработени!

На 11 декември граѓаните ќе можат да ги променат лошите политики и да изберат живот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.