ЕБОР ЌЕ НАМЕНИ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1183

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе намени нов финансиски пакет од 5 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во Фондот за Западен Балкан за финансирање на зелена економија (ГЕФФ II).

Средствата од заемот ќе бидат достапни за инвестиции во зелени технологии со високи перформанси, материјали и решенија во куќи и станбени згради во приватна сопственост. По успешното завршување на проектите, корисниците ќе имаат право на поврат на средства до 20% од Европската Унија.

Дополнително ЕБОР обезбеди 20 милиони евра нефинансиран фонд за поделба на ризик на Шпаркасе банка, преку кој ќе гарантира до 50% од постојната и новата корпоративна изложеност на кредиторот, со што ќе се намалат пондерирањето на ризикот и барањата за капитал на тие заеми.

“Со нетрпение очекуваме да работиме со Шпаркасе банка, која е докажан партнер на ЕБОР со одличен учинок. Ќе продолжиме да ги поддржуваме инвестициите што придонесуваат за зелената транзиција. Со потпишувањето на овој пакет очекуваме да им дадеме дополнителен поттик на бизнисите во земјата преку обезбедување подобар пристап до финансии, помагајќи им да се опорават од пандемијата и да ја подобрат нивната конкурентност” – рече Анди Аранитаси, раководител на канцеларијата на ЕБОР во Скопје.