ЈАНКУЛОВСКА ВО„360 СТЕПЕНИ“ : МИЦКОСКИ НЕ МЕ ЗЛОУПОТРЕБИ СО ФОТОГРАФИЈАТА ОД СРЕДБАТА

0
607

Во новото издание на емисијата „360 степени” ќе гостува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Пред неколку дена се навршија три години откако Јанкуловска почна да ја издржува четиригодишната казна затвор за набавката на мерцедесот, предмет познат во јавноста под кодното име „Тенк”.

Таа беше блиска соработничка на Никола Груевски и речиси девет години министерка за внатрешни работи во неговите влади – од август 2006 г. до мај 2015 г.

Во интервјуто зборува на повеќе теми: престојот и условите во затворот, неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нејзиниот однос кон и со Никола Груевски, актуелниот судир во партијата, измените во Кривичниот законик, начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 г., има ли каење за дел од постапките, плановите за во иднина…Емисијата ќе се емитува в понеделник од 20:15 ч. на МРТ 1.