КОНЕЧНО И ДОЈДЕ КРАЈОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ПРЕВАРА ВО СВЕТСКИОТ ФУДБАЛ : Манчестер Јунајтед го шутна Жозе Мурињо од клубот по 3 сезони !

0
1476

Раководството на Манчестер јунајтед реши да му врачи отказ на менаџерот Жозе Мурињо, по последниот пораз од Ливерпул во дербито на Премиер лигата.

Лошите резултати на „ѓаволите“ во изминатите неколку месеци, ја прелија чашата, а управата на тимот од „Олд трафорд“ се реши на ваков чекор.

Фановите на премиерлигашот веќе подолго време беа незадоволни од прикажаните игри на нивниот тим, кој по 17 одиграни натпревари се наоѓа на шестата позиција со 19 бода негатива зад лидерот Ливерпул.