ЗИЈАДИН СЕЛА БАРА ПРЕОДНА ВЛАДА И ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: КОВАЧЕВСКИ, АХМЕТИ И ГАШИ НЕМААТ ЛЕГИТИМИТЕТ ЗА ДА ПРАВАТ НОВА ВЛАДА БЕЗ НОВИ ИЗБОРИ

0
976

“Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е недостигот на легитимитет на власта” – изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Тој смета дека изминатава 2021 год. беше година на скандали на Владата и дека како опозициска партија ќе направат сѐ за да падне Владата.

“Главните актери во власта немаат легитимитет. Ковачевски нема легитимитет, бидејќи тој што победи на изборите беше Заев, а не Ковачевски, за да може да биде мандатар за формирање Влада. Зборот на Заев е даден пред јавноста и тој треба или да продолжи до крај ако може или да распише избори. Али Ахмети и ДУИ, исто така немаат легитимитет да бидат дел од таа власт. Дојдоа со ветувањето дека ќе има премиер Албанец, а сега по втор пат гласаат премиер Македонец. Зошто не го гласа Насер Зибери? Сега е моментот. Политичка партија која во првите 100 дена не ги исполнува дадените ветувања, од тој момент го губи легитимитетот. Африм Гаши и Алтернатива немаат легитимитет, бидејќи имаат добиено гласови заедно со Села и Алијансата за да донесат промена во албанското општество и да ја пратат ДУИ во опозиција” – рече Села.