Голем пожар над Штип

0
954

Во близина на градот Штип, на потегот меѓу Новакова чешма и Струмина чешма, над месноста Кумлак, гори борова шума и сува трева.

pozar-540x310

Според командирот на Територијалната противпожарна единица Благој Ренџов, пожарот е голем и зафаќа над 14 хектари борова шума и сува трева.

– Во моментов на терен се сите пожарникари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и во Дирекцијата за заштита и спасување. Го гаснеме пожарот за да не пристигне до околните викенд куќи, изјави Ренџов.