Ќе се градат фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци во штипско од страна на Друштвото за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори Промарк Енерџи ДООЕЛ Скопје откако Владата одлучи да му додели статус на стратешки инвестициски проект.
“Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци се со вкупен капацитет од 280 мегавати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра” – информираше Владата.