КУРТОНИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВААТ НА НИВНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИ : Македонија со најлош квалитет на живот во Европа

0
2349

Македонија е на последното место во Европа според „одржливиот квалитет на животот“, вели консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп (БКГ) во својот извештај за 2016 година; објави „Фокус“.

Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот.

Македонија е најлоша во Европа со оценка 42,9, а малку пред неа се Црна Гора со 43,3 и Молдавија со 44,5.