АЈФЕЛОВАТА КУЛА ВО ПАРИЗ ЕВАУКИРАНА ПОРАДИ ЗАКАНА ДО БОМБАШКИ НАПАД

0
472

Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција.

„Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата.

Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја година.

Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска беа евакуирани по закана за бомба. На местото на настанот беа испратени експерти за деактивирање бомби, објави весникот  „Паризиен“.