СДСМ СЀ ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ ДЕМОКРАТИЗИРА И ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА ЈАВНОСТА, БОГОЕВ: ЌЕ БИДЕМЕ ПОПРИСУТНИ НА ТЕРЕН СО ЧЛЕНСТВОТО

0
685
“СДСМ во наредниот период дополнително ќе се демократизира, но и ќе се отвори за јавноста, особено за стручната јавност преку новиот систем на функционирање на комисиите, за што вчера беше и основан Советот за креирање и имплементација на политики” – рече Стефан Богоев, нов потпретседател на СДСМ, на интервју за ТВ24.
Тој рече дека сите функционери и активисти на партијата ќе бидат присутни на терен.
“СДСМ ќе биде силно присутна на терен, онаму каде му е местото, во сите градови, во сите села и општини. Покрај присуството на терен на носители на јавни функции, ќе следува и организирано партиско присуство на членството. Новото раководство наскоро ќе направи план на активности кои ќе бидат корисни за сите граѓани” – истакна Богоев.