УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПРОТИВ ЕРДОГАН: ЕУ НЕМА НИКОГАШ ДА ПРИФАТИ ДВЕ ДРЖАВИ НА ОСТРОВОТ КИПАР

0
1058

“ЕУ никогаш нема да прифати решение со две држави за поделениот остров Кипар” – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен средбата со претседателот на грчкиот дел на Кипар, Никос Анастасијадес во главниот град Никозија.

Таа му ја соопштила позицијата на ЕУ и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски повик.

Ердоган и  претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар побараа конечна поделба на островот во две држави: турски Северен Кипар и грчки Кипар. Потоа двете земји би можеле да соработуваат и во лабава конфедерација.

Грчката страна постојано ја поддржува дискусијата за федерација на две држави како решение. Обединетите нации го побараа ова во резолуциите на Советот за безбедност.