(ВИДЕО) МИЛА ЦАРОВСКА Е НЕУМОРНА СО ЦЕЛ ДА ОБЕЗБЕДИ ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП – ДЕНЕС ВО ПРИЛЕП ЗАЕДНО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ОФИЦИЈАЛНО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

0
1171

Дамнешниот сон и потреба на многу родители со деца со церебрална парализа, конечно се оствари. Нивните барања до властите низ годините,со оваа локална власт, добија своја реализација. Со заложбите на градоначалникот Илија Јованоски и силната поддршка на Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска, изграден е современ Дневен центар во Прилеп.

Дневениот центар се наоѓа на улица „Цар Самоил“, во близина на економското училиште. Располага со вкупна внатрешна површина од 186м2 и двор од 220 метри квадратни. Објектот што некогаш беше ставен во функција на НВО-секторот, со 2 милиона денари од ресорното министерство е реконструиран и преадаптиран. Согласно со европските стандарди во него има просторија за дневен престој, кујна, трпезарија, просторија за физикална терапија, тоалети и за лицата со церебрална парализа и за вработените, и посебна сензорна соба, за третман и стимулација на сетилата и менталните способности на овие лица.