Идниот заменик-министер, Љупчо Николовски им одговори на провладините куртони: Лажете, нема да ме поколебате! Во ништо!

0
1875

Шефот на кабинет на Заев и член на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, кој ќе биде заменик министер за земјоделие во преодната Влада, преку Фејсбук одговори на дискредитациите во провладините медиуми. Неговиот одговор ви го пренесуваме во продолжение:

„Поради тоа што немаат што, ме напаѓаат со ужасни лаги и конструкции мене и фамилијата од лажни профили.

– До каде оди Груевски и неговите слуги? Колкав им е стравот! Лажат и тераат ниски, приземни хајки. Нервозни се затоа што нивното време помина, доаѓа слободата. Лажете, нема да ме поколебате! Во ништо! Подготвени сме за се! ЗБОГУМ НИКОЛА! – напиша Николовски на својот фејсбук профил.