ЏУМАЈЛИЈА: Авантурата со Субрата Рој чинеше 4 реколти, углед и нерви!

0
1127

Откако во 2011 година најголемиот агрогомбинат Џумајлија банкротираше, земјиштето со површина од 5.000 хектари остана запуштено. Во 2012-та година агрокомбинатот отиде под стечај, а веќе следната година Владата склучи договор со индискиот бизнисмен Субарата Рој кој ја најави најголемата инвестиција во македонското земјоделство вредна 211 милиони евра, пишува Фактор.

Две години по најавата освен првата бразда изорана свечено во присуство на високи владини функционери, ни педа од земјиштето не се обработи, а не се донесоа ниту најавените 20.000 крави. Дури годинава ресорното министерство го раскина договорот со Субрата Рој. Пред три месеци се објави оглас за продажба на земјиштето во Џумајлија, но купувач се уште не е најден. Се работи за четири географски целини со вкупна површина 4.000 хектари.

Агроекспертите посочуваат дека додека се чекаше бизнисменот Рој да почне со инвестициите, пропаднаа четири реколти, што е погубно за домашното производство на жита но и на други култури, во услови кога земјава троши милионски суми за увоз на храна.

Според математиките, ако од еден хектар просечниот принос е 3 тона жито, тогаш од жетвата ќе се добиеја барем 15.000 тони, количина за колку што годишно е зголемен увозот на жито.