ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈА НА 23 ПРОЕКТИ ОД ТАВ ПРОГРАМАТА, ЗАЕВ: ЌЕ ПРЕНАМЕНИМЕ ВКУПНО 49,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ И ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ

0
721
“Стартува реализација на првите 23 проекти за граѓаните од ТАВ програмата, инвестиции во инфраструктура за нови вработувања и економски развој, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра. Ова е првиот дел од вкупниот износ на инвестицијата од 49,7 милиони евра, кои наместо за изградба на карго-аеродром се пренаменуваат за проекти на локалната самоуправа и инвестиции во аеродромите.
Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.
Во првата фаза се опфатени општините: Бутел, Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Ресен, Пробиштип, Карбинци, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Росоман, Босилово, Карпош, Старо Нагоричане, Неготино, Зелениково, Теарце и Боговиње.
Владата продолжува континуирано да вложува во рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво. Главната цел е подобрување на условите за живот на граѓаните на локално ниво.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ