ТРЕНДОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ Е ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА ЖИВОТОТ НА ВАКЦИНИРАНИТЕ ЛИЦА, ФИЛИПЧЕ: СИТЕ ШТО ИМААТ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ЌЕ НЕМААТ ПРЕЧКИ И РЕСТРИКЦИИ ПРИ ПАТУВАЊА ВО ЕУ

0
758

Рестрикциите за патувања на невакцинирани лица ќе го отежнат нивниот живот дополнително но нема друг начин за да се контролира пандемијата. Затоа само вакцинираните лица кои што поседуваат ковид сертификат ќе бидат изземени од наметнатите рестрикции од ЕУ.

“И тоа што го донесе Европската Унија како одлука оди во прилог на нашата политика, а тоа е да има што поголем број на вакцинирани граѓани. Заради тоа што токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ПЦР тестови, не е потребен ниту карантин и тоа е доказ дека буквално целиот свет оди во тој правец, целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето кои што се вакцинирани и очигледно свесни дека тоа е единствениот спас да го вратиме нормалниот живот” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Само вакцинирани луѓе и во европските земји можат да влегуваат и на настани и во угостителски објекти. Секаде постои тој критериум, се бара доказ за вакцинација. Интензивната работа на тимот во Министерството за здравство се исплати бидејќи сега се признаени во ЕУ и нашите сертификати за вакцинација.

“Очигледно е дека сите земји во светот се’ повеќе ќе ставаат акцент исклучиво на вакцината како еден инструмент којшто го имаме сега, а го немавме минатата година и тогаш се воведуваа сите овие мерки и рестрикции, но генерално концептот е вакцинираните луѓе да имаат нормални животни навики како што беше пред пандемијата” – рече министерот Филипче.