ШОКАНТНО : ВОДИТЕЛКАТА ГОРДАНА ЃОРЧЕВА КОЈА ПРЕТХОДНО ГОВОРЕШЕ НА МИТИНЗИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, СРЕДЕ ВЕСТИТЕ НА МTВ ПОВИКА НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ ДА БИДЕ НАТЕПАН

0
1888

Гордано мори, работиш во национален сервис. Институција која што не би требало да има место за луѓе како вас.

Со ваков речник, не е ни чудно што со години си презентер во МТВ а јас те знам само од митинзи спонзорирани од политички партии.

Ме нарекуваш мочко… Мораш да си експерт за мочковци затоа што со години ја мочаш професијата која би требало да ти биде чест да ја извршуваш.

Поради таквите како тебе Гордана денеска на факултетот за новинарство се запишуваат по 4,5 студенти.

Ќе ме шамараш? Не ви е доста што често се шамарате меѓу себе во МТВ па сега сакаш да се пробаш и во приватни медиуми?

Не би ти вратил Гордана, би наведнал глава и не би ни пријавил во полиција. Таквите како тебе се шамар за медиумската фела, а тие шамари ја доведоа оваа професија на нивото на кое што е, болат многу повеќе од шамарите на една немоќна жена која што имаше многу посилно “оружје’’ во раката (микрофон) а не знаеше никогаш да го искористи за да направи нешто добро за оваа општество. 🙂

Фејсбук одговор на новинарот Фуркан Салиу на пораката од Гордана Ѓорчева

Таа е поранешна сопруга на починатиот актер Бранко Ѓорчев кој беше директор на Драмски Театар во време на Груевски а зборуваше и на митинзи на унија на жени на ВМРО ДПМНЕ за што беше прекорена од ЗНМ:

Здружението на новинарите на Македонија ја повикува Македонската радио телевизија да го истражи случајот каде нивната вработена новинарка Гордана Ѓорчева, на 18-годишнината на Конференцијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се појави во улога на водител.

– Со овој ангажман колешката Гордана Ѓорчева го прекршила Изборниот законик, каде во членот 75-в е наведено дека: „Уредници, новинари, водители на програма и презентери, ангажирани во подготвување програми на радиодифузерите, не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, односно учесници во изборна кампања“. Во Изборниот законик е предвидена и мерка доколку новинарот сепак се одлучи да настапи на партиски собир и таа гласи: „Доколку се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите им мирува од денот на распишување на изборите до нивното завршување“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Според Здружението, покрај тоа што со овој ангажман новинарката Ѓорчева го прекршила Изборниот законик, ЗНМ смета дека таа го прекршила и етичкиот кодекс на Македонската радио телевизија.

Од Здружението наведуваат дека според членот 41 од кодексот на МРТ: „Новинарот мора да биде веродостоен. Новинарот мора да биде професионален и етички веродостоен, односно независен во обавувањето на својата работа. Не смее на никаков начин јавно да изразува поддршка на активности или постапки на политички партии“. Во Кодексот се вели дека: „Новинарите во информативните програми на МРТ мора да избегнуваат политички јавни настапи од секаков вид кои што се објективно непримерни во однос на работата што ја извршуваат, ја менуваат нивната слика во јавноста или го намалуваат нивниот професионален и јавен кредибилитет“.

– Сметаме дека менаџментот на јавниот сервис мора сериозно да се заинтересира и да постапи по овој случај и да внимава во иднина слични случаи да не се повторуваат. Истовремено, ја повикуваме и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како надлежна за овој случај, да излезе со свој став во јавноста и да даде насоки за медиумите и политичките партии, додаваат од ЗНМ.