ШОКАНТНО : АПАСИЕВ И ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЛЕВИЦА ВО ТИРАНА ОДДАДОА ПОЧИТ НА ГРОБОТ НА ДИКТАТОРОТ ЕНВЕР ХОЏА, ЧОВЕКОТ КОЈ ЛИКВИДИРАЛ ПРЕКУ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ АЛБАНЦИ А ОСТАНАТИТЕ ГИ ПРАЌАЛ ВО ЕГЗИЛ ОД ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ!

0
769

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денес по повод од 38 годишната смрт на Енвер Хоџа со официјална делегација оддадоа почит на неговиот гроб во Тирана.

Интересно е да се спомене дека токму Левица која е политичка партија со квази левичарско политичка насока да оддаде почит на еден од најозлогласените диктатори на балканот кое го бележи комунизмот во тоа време.

Поранешниот комунистички лидер на Албанија, Енвер Хоџа се памети по ликвидирани десети илјади албанци, кои биле егзекутирани во затворите и камповите поради политички причини, и биле испратени во егзил каде што биле затворени, се наоѓаат во Националниот историски музеј во Тирана, каде што продолжуваат да фрлаат светло врз тој период.

Во периодот на Енвер Хоџа, кој започна по Втората светска војна, во текот на околу половина век, десетици илјади граѓани на Албанија биле изложени на суровост поради политички и верски причини, додека рушењето на споменикот на овој комунистички лидер, на 20 февруари 1991 година, во земјата го симболизираше завршувањето на комунизмот во Албанија.

Во периодот на комунизмот низ земјата постоеле 23 затвори и 48 кампови за масивен егзил, додека ден-денес се раскажуваат приказните за тоа што овие лица доживеале во затворите и камповите, каде што антирежимските граѓани биле изложени на различни тортури и биле убиени.

Според податоците на официјалните институции на оваа земја, во периодот на комунизмот околу 60.000 лица биле испратени во егзил во овие кампови, од кои 7.022 починаа во овие кампови. Во истиот период над 34.000 лица биле затворени поради политички причини, од кои 984 лица починале во камповите за кои станува збор, 6.027 биле егзекутирани, додека околу 6.000 лица сè уште се водат како исчезнати.

– Сè уште се чуваат документите за суровоста

Покрај документите, како докази за суровоста на Енвер Хоџа се и фотографиите и мапите, а исто и документите за народните демонстрации кои биле причина за падот на комунистичкиот режим во оваа земја, кои се чуваат во еден специјален дел формиран во 2012 година во Националниот историски музеј во Тирана.