ДРЖАВАТА ЈА ИСПЛАТИ ЕВРООБВРЗНИЦАТА ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА И ЌЕ СЕ ЗАБРЗА РАЗВОЈОТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД КОРОНА КРИЗАТА, МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: ДРЖАВНИОТ ДОЛГ СЕ НАМАЛИ НА 52% ОД БДП

0
1155

“Државниот долг забeлежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52% од БДП во однос на 30.6.2021 кога беше на ниво од 55,9%, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период, се со историски најниска каматна стапка од 1,625%” – велат од Министерството за финансии (МФ).

Намалувањето на државниот долг се должи најмногу на раздолжувањето за еврообврзницата од 500 милиони евра. Ова ќе влијае и на намaлување на состојбата на јавниот долг заклучно со третиот квартал. Согласно утврдената динамика, Министерството за финансии објавува податоци за јавниот долг на квартално ниво.

“Кризата предизвикана од Ковид-19 и справување со последиците влијаеше на зголемување на долгот во скоро сите земји, вклучително и во нашата. Државниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 51,2% од БДП, во првиот квартал на 2021 се зголеми на 54,1%, во вториот квартал на 55,9% и на 31 јули 2021 година тој се спушти на ниво од 52%. На промените на државниот долг влијаеја и повлекувањето на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори, задолжување со државни хартии од вредност, како и отплата на обврски по основ на главнина на надворешен долг” – се вели во соопштението од МФ.