И ЗАЕВ НА ВРЕМЕТО ВОДЕШЕ КАМПАЊА ПРОТИВ ДУИ, АМА ВИДОВТЕ ШТО СЕ СЛУЧИ? АХМЕТИ НАЈАВУВА НОВА ПОБЕДА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ!

0
468

Опозицијата мора да бара избори секој ден, опозицијата мора да кажува секој ден дека ќе победи на изборите, но тоа може да го стори само на сон, порача лидерот на ДУИ.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за РТК вели дека иако опозицијата во земјава постојано бара смена на ДУИ од власт, сепак, според него, тоа нема да се случи.Ахмети се потсети дека истото го правела и партијата СДСМ на тогашниот партиски лидер Зоран Заев кога беше во опозиција, но како што истакна, мандатите на ДУИ биле удвоени.

– Опозицијата мора да бара избори секој ден, опозицијата мора да кажува секој ден дека ќе победи на изборите, но тоа може да го стори само на сон. Времето ќе покаже дека тоа е само сон и ќе покаже колку се толку мали и ситни во политичка смисла на зборот. За да се турне ДУИ од власт и да се однесе во опозиција, СДСМ пред неколку години на чело со Зоран Заев спроведе цела кампања, но не успеа. Заев дури и на митинзите извикуваше „ДУИ во опозиција“, но не само што ДУИ не загуби на изборите, туку освои 50 отсто повеќе мандати од претходно – рече Ахмети.